Можеш ли да претпоставиш кое е момчето: Популарниот балкански рапер објави слатка фотка од детството

Можеш ли да претпоставиш кое е момчето: Популарниот балкански рапер објави слатка фотка од детството

Објавена во: Stars // Музика

Обожавателите побараа, тој им ја исполни желбата...

Дефинитивно не  елесно да се погоди кој е кој кога гледаш фотки од детството. Сите тогаш сме изгледале поинаку, а ова е најдобар доказ. Иако денес сигурно го знаеш, многу ќе ти биде тешко да погодиш кој е тој, особено ако пред себе ја имаш само фотката од неговото детство.

Ако го имаш видено ова негово стори на Инстаграм, тогаш знаеш за кој станува збор! Инаку, сигурни сме дека нема шанси да погодиш. Но, тој е Нучи. На познатиот рапер, обожавателите му побараа да им покаже фотка од детството, а тој ја избра оваа. Изгледа апсолутно преслатко и шансите за некој да погоди за кој станува збор се многу мали.

Откако се појави на сцената, успеа да ги воодушеви сите за краток временски период и денес има вистинска армија обожавателите. Секоја песна која ќе ја објави е хит, а тоа го докажа многу пати досега. Иако сите малку го замразија откако дознаа дека е тој оној со кој Реља ќе ја објави новата песна, а не дека ќе се вратат „Елитни Одреди“, сепак обожавателите поминаа преку тоа.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: