Можеш сам/а да си направиш привремена тетоважа дома: Потребни ти се само 4 работи - кои веќе ги имаш
Идеален за слатка мала заедничка тетоважа со пријател!
Некои тврдат дека траела три дена без воопшто да се избрише. Колку ќе биде издржлива вашата „тетоважа“ зависи од тоа каде ќе ја нацртате. Ако е на некој дел што често го навлажнувате со вода во текот на денот, најверојатно ќе се измие многу порано.
Ова е добар начин да проверите како би ви изгледала вистинска тетоважа пред да ја ставите. Можете сами да направите нешто, или можете да ги здружите силите со пријател / сестра / момче / која било личност што ја сакате. Бидејќи ќе треба да си цртате на себе, ако не сте Пикасо, најдобро е да се држите до некои поедноставни мотиви, како што се срца, цвеќиња, sвезди, букви или бројки.
Ако не сте знаеле за овој начин на „испробување тетоважа“, никогаш не е доцна да го испробате. Особено затоа што ви требаат само 4 работи што веројатно веќе ги имате дома. Иако би помислиле дека сите знаат за ова, видеото што го објавија овие двајца пријатели стана вирално и сите се интересираа како го направиле тоа.
Значи, она што ви треба е маркер, бебешка пудра, лак за коса, тоалетна хартија - и малку вода. Првиот чекор е да го нацртате саканиот мотив на кожата, потоа треба да ставите бебешка пудра, да го испрскате со лак за коса, да го ставите под вода за да го исплакнете лакот, лесно да го пребришете со тоалетна хартија - и тоа е тоа. Целата оваа постапка треба да помогне за тетоважата да трае малку подолго отколку само да нацртате нешто со маркер.