Можна ли е појава на здравствени проблеми, доколку фармерките не се перат редовно?

Можна ли е појава на здравствени проблеми, доколку фармерките не се перат редовно?

Објавена во: Мода // Moj стил

Фармерките се такво парче облека за кое никој не е сигурен колку често треба да се пере и дали се можни некои здравствени последици, доколку не се исперат по неколку носења.

Секој има своја теорија околу тоаколку долго е во ред да се носат фармерките пред да се остават за перење. Додека некои тврдат дека е одвратно да ги носиш фармерките повеќе од три пати, бидејќи тогаш треба да си испереш, на други тоа не им пречи и ги носат дури по десетина пати пред да ги исперат. Постои и група која е уверена дека на фармерките перењето само им наштетува и дека всушност нема потреба да се перат, а истата оваа теорија ја предводи менаџерот на познатиот бренд за фармерки Levi's. Колку е воопшто здраво да се носат фармерките подолго време без да се исперат?  Може ли тоа да предизвика здравствени проблеми? Секојдневното собирањето на мртви клетки од кожата и бактерии на кожата не звучи многу привлечно. Фармерките, особено доколку се направени од темен тексас не изгледа дека се заразни, затоа не треба да ве чуди што некои луѓе своите фармерки не ги перат често. Луѓето откриваат дека се склони да ги носат дури и до 10 пати, па дури тогаш да ги исперат, а понекогаш дури и порано доколку ногавиците премногу се рашират и не стојат убаво како што би требало.

Време е конечно да дознаеме дали е опасно по здравјето реткото перење на фармерките! Дерматолог од медицинското училиште Northwestern University School of Medicine даде одговор на ова прашање. Откри дека кожата е добра бариера кога е во прашање заштитата од инфекции. Оние кои немаат проблеми со здравјето не треба да се плашат дека нешто ќе им се случи. Меѓутоа, можно е од фармерките кои не се перат редовно да се добие инфекција на интимните делови на телото. Избегнувањето на редовното перење на фармерките може да биде опасно и за оние со осетлива и сува кожа, бидејќи може да добијат бактериска инфекција или акни и мозолчиња по нозете.

Не постојат медицински насоки колку често треба да се перат фармерките, се зависи од личност до личност и до тоа колку е чувствителна кожата. Но, постои правило кое вели дека најдобро е да се исперат од 5 - тото од 10 - тото носење. На овој начин може да бидете сигурни дека фармерките нема да ви создадат никакви здравствени проблеми. Покрај ова, најдобро е секогаш да се перат од обратната страна.


Извор: teen385.com

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: