Мразам да зборувам за ова: Анастасија Ражнатовиќ за тешките моменти, падови и како се бори со нив

Мразам да зборувам за ова: Анастасија Ражнатовиќ за тешките моменти, падови и како се бори со нив

Објавена во: Живот // Живот

Анастасија ги збуни сите со новата објава и сите се прашуваат на кој е посветена и за што всушност станува збор...

Анастасија Ражнатовиќ моментално е една од најпопуларните млади пејачки на домашната сцена, а секој нејзин чекор, па и објавата се следат со внимание. Така неодамна со своите следбеници сподели нешто со што се поистоветува.

Имено, таа на Инстаграм сподели порака во која се пронаоѓа.

„Мразам да ти ги отварам очите, но ничиј живот не е совршен, не е дури ниту на личноста на која најмногу ѝ се воодушевуваш. Сите поминуваме низ хаотични фази, подеми и падови, моменти кога не можеме да се собереме, но тоа е животот. Работи се случуваат... Некогаш не можеме да излеземе на крај со ситуацијата во која сме, а некогаш можеме да се избориме со истата без мака. Сè што можеш да направиш е да дадеш сè од себе и ако се случи да згрешиш, следниот пат обиди се да бидеш подобар“ - пишуваше во пораката која Анастасија ја сподели, а покрај стави емотикон срце.

Многумина се прашуваат на кој му е упатено ова и на што всушност се однесува, бидјеќи слободно можеме да кажеме дека кај Анастасија сè е во најдобар ред.

Откако за својот роденден објави два хита, летото главно го помина на медитеранот и на егзотични дестинации.

Да потсетиме, таа со години ужива во врската со Ѓорѓе Куљиќ, а неодамна договорија и луксузна недвижнина во Белград, каде ќе живеат заедно.

Исто така, неодамна ја лансираше својата козметичка линија за нега на тело, наречена „NLK Cosmetics“, а станува збор за екслузивна козметика за кожа и коса.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: