Мразам што станав позната, сакав да се самоубијам: Лејди Гага најискрено до сега
Таа е
контроверзна, модна икона, има фантастичен глас, но многу депресивна, отворено
зборува за тоа и за проблемите. Едноставно, Лејди Гага е на самиот врв на
светската музичка сцена, ама секогаш има здравствени проблеми.
Во интервју за магазинот „Билборд“ таа откри детали за сето она со кое се соочува здравствено.
„Целосно кренав раце од себе. Мразам што сум славна. Се чувствувам истоштено и искористено. Не ја гледам поентата на мојот живот, освен што сум им потребна на родителите и на сестра ми, кои се секогаш покрај мене како најголема поддршка. Токму на тоа размислував секој ден во текот на последниве две години“, вели Гага .
„Живеев во куќа во која моите соработници секојдневно ме контролираа бидејќи искрено се загрижени за мене. Им беше страв дека ќе се самоубијам. Во моментов пронаоѓам начини како повторно да ја сакам жената што ја нареков Леди Гага. Сепак, мразам што станав позната“, потенцира Лејди Гага.
Во моментов, популарна е со студискиот албум „Хроматика“ и песните се на врвот од топ листите.