МС Стојан денес заработува многу пари, а еве кој бил платен за првиот настап: Никогаш нема да се срамам од тоа (ФОТО)
Пејачот сподели спомен од кој никогаш нема да се откаже...
МС Стојан вжаи за еден од најплатените естрадни личности во Србија, а редовно ги полни како тамошните клубови, така и тие надвор од државата. Покрај тоа, милионските прегледи на Јутјуб се секогаш тука, па може да се каже дека парите никогаш не му недостасуваат. Но, не бил секогаш волку добро платен.
Стојан кариерата ја започнал во родниот Лучани, а тогаш ја објавил песната „Бичуј ме, Стојане“.
„Плакатот и денес стои кај мојата мајка во станот во нашето родно место, во Лучани. Мојот прв настап во 2007 година беше во кафулето „AMG“ за 50 евра. Тогаш настапив пред околу 50 - 60 луѓе и имав огромна трема“ - напиша Стојан, па продолжи:
„Секогаш сакам да го погледнам и да се сетам од каде дојдов и како започнав. Никогаш нема да се срамам од своите почетоци и своите корени и секогаш ќе бидам благодарен на сето тоа и се надевам дека оваа објава на некои ќе им биде мотивација за никогаш да не се откажат од своите соништа!“.
Инаку, Стојан важи за некој е многу приземен, но и ретко сака да се огласува во медиумите и да дава интервјуа, бидејќи се труди приватниот живот да го задржи за себе.
фото: Принтскрин / Инстаграм