Му донирала бубрег на момчето, а тој ја изневерил по 7 месеци: „Ме изгуби засекогаш“
- Не сакав да го
гледам како умира, морав да направам нешто – вели оваа девојка
Има луѓе кои би направиле се‘ што е во нивна моќ за да го усреќат партнерот, а Колин Ли (30) од Америка дала дел од себе за нејзиното тогашно момче да продолжи да живее.
Имено, оваа девојка објасни дека нејзиниот дечко тогаш требало да оди на трансплантација на бубрег бидејќи се борел со хронична бубрежна болест поради која требало да оди на дијализа.
Кога тестовите и анализите потврдиле дека Колин може да биде донатор, таа веднаш доброволно се согласила да му донира еден од нејзините бубрези.
– Не сакав да го гледам како умира, морав да направам нешто – рекла Колин во видеото кое го објави на социјалната мрежа ТикТок.
- Бев пресреќна кога дознав дека може да му донирам бубрег. Трансплантацијата беше успешна и двајцата брзо закрепнавме – додаде таа.
Но, само неколку месеци по успешната трансплантација, Колин забележала дека нејзината емотивна врска тргнала надолу ...
- Мислев дека операцијата ќе не‘ зближи, но тоа не се случи. Седум месеци по трансплантацијата, момчето ми рече дека ќе оди на ергенска забава со група од црквата на која ѝ е многу посветен - го открила продолжението на приказната оваа девојка.
Колин додаде дека не била загрижена бидејќи нејзиниот млад човек бил побожен христијанин и одлучила да не размислува за тоа на негативната, туку на позитивната страна.
Но, набрзо признанието на нејзиното момче ја убедило во спротивното.
- Тој призна дека ме изневерил. Се расправавме со часови. На крајот му простив и му дадов уште една шанса – рече таа.
Колин потоа рече дека само три месеци подоцна ја раскинал врската со реченицата: „Ако сме предодредени еден за друг, Бог на крајот повторно ќе не‘ обедини“, а потоа ја блокирал на сите социјални мрежи.
- Бев во шок, се скаравме, а тој на крајот ми кажа дека сум му дала бубрег за да бидам добар човек во очите на другите. Со тоа ме изгуби засекогаш – искрено изјави Колин.
Снимката на која Колин зборува за разделбата собра милиони прегледи, а многумина го осудија однесувањето на нејзиното тогашно момче.
-Ти го жртвуваше животот за него, а тој ти враќа вака. Тажно - напишал еден човек.
- Тој не те заслужува, ниту бубрегот што му го даде. Но, не е важно, ти се покажа како добар човек. Еден дел од тебе е во него засекогаш, тоа е факт што тој не може да го промени – додала една жена.
Фото и Видео: ТикТок