Му ветил на татко му дека ќе ги чува нивните девојки: Шестгодишниот Дарко е глава на семејството откако неговиот херој починал
Дарко во јули останал без татко му, кој настрадал на градилиште. Сега се радува на доаѓањето на сестричката. Со мајка му живеат од социјална помош и добрината на луѓето.
Во Станчиќи покрај Бјеловар нема многу деца. Дарко е едниствениот во селото, па понекогаш, како што вели, му е малку здодевно. Сепак, Дарко наскоро ќе стане поголем брат.
„Најмногу во животот сакам да помине Божиќ и да ми се роди сестра“ - вели ова момче за „Провјерено“, а пренесува „dnevnik.hr“.
Како што објаснува неговата мајка Мартина Цифровски (35), на оваа улога многу се радува.
„Целиот во тоа како ќе биде кога ќе се роди сестра му, како тој ќе ја храни, како ќе ја пресоблекува“ - признава таа.
Сепак, Дарко ќе мора да почека уште два месеци. Доколку биде се во ред, се теши мајката Мартина, бидејќ иво петтиот месец од бременоста морала да оди на итна операција, поради која на неа и бебето им се заканувале компликации и сепса. Мора да внимава, и тоа строго, ѝ посочиле лекарите. Меѓутоа, Дарко не се сомнева дека сè ќе биде во ред.
„Ќе учам јас сè и ќе ѝ менувам пелени“ - се радува тој.
Веќе одбрал и име. Ќе се вика Томислава, по татко им. Згоден е многу, тврди. Дека е негов херој, во тоа воопшто нема сомнеж, вели Мартина.
Сеќавањата се живи, а спомените единственото нешто што останало. Единствено за што се држат. Нови, за жал, ќе мора да создаваат сами, без таткото. И тоа е она што најмногу боли.
„Татко ми умре порано, бидејќи падна од зграда и сто пати бевме кај него на гробот. Тоа е така“ - кажа Дарко.
Никогаш, вели Мартина, не живееле никако поинаку туку скромно. Таа се грижела за куќата и животните. Томислав имал своја фирма, работел од градилиште до градилиште. Ретко бил дома.
„На 2 јули отидоа на градилиште во Велика Горица. Што се случило во тој момент можеме само да претпоставиме. Она што е моја претпоставка, бидејќи тогаш беа оние големи толини, тој бил психички и физички исцрпен од сето тоа. Мислам дека му се слошило на покривот и пропаднал“ - се сомнева Мартина.
Од висина од шест и пол метри, пропаднале и сите нивни соништа. Сè што планирале, на што се радувале, за што живееле.
„Го видов два пати. Не ми дадоа затоа што бев во почетокот на бременоста и за малку ќе го изгубев бебето кога слушнав за тоа“ - вели.
Од Дарко не криела ништо. Два дена по несреќата, Томислав се разбудил од кома.
„Најверојатно само да се поздрави и другиот ден почина. Велат емболија на белите дробови и дека не можеле да направат ништо“ - раскажа.
Ѝ го оставил најдоброто од себе
Да живее понатаму, ден по ден, е единственото нешто што можела да го направи откако нејзиниот Томо заминал засекогаш.
„Но, ми го остави најдоброто од себе. Дарко и ова мало чудо на пат, да имам за кого да се борам во животот. Да не потонам, бидејќи останав сама“ - зборува Мартина.
Пред неколку месеци сè било поинаку. Покрај семејството имала и животни кои ги обожувала. Дваесетина кози, јарци, педесетина овци. Животните се на чување. Вели дека можеби ќе ги врати, кога ќе дојде бебето и кога таа ќе се опорави малку. Продавала млеко, правела сирење. Работела многу, но не и претставувало проблем.
„Сите оние кои ме познаваат, знаат дека јас бев таа која секогаш даваше и помагаше. И кога бараа и кога не бараа, само гледав дали им е потребно. Постои една реченица која мајка ми ми ја кажа кога бев мала. Вели: Биди среќна додека можеш да даваш, да не мора да примаш и да не мора никој да молиш“ - се присетува Мартина.
Живеат од социјална помош и детски додаток, нешто повеќе 12.000 денари. Бидејќи поради бременоста и операциите не смее да се напрега, социјалната служба им обезбедила зготвен оброк. Сепак, неизвесноста е постојан гостин во нивната куќа.
„Кога се случи сето тоа, луѓето од кои требаше да добијам некаква помош и поддршка и сè, не ми ја дадоа. Ја добив од непознати“ - вели.
Не можеле да ги гледаат со скрстени раце
Да се прашувала Мартина, до сево ова немало ни да дојде, вели Михаела Матулиќ, од здружението „Изнајмљивачи са срцем“. Сепак, тие едноставно не можеле да седат со скрстени раце. Поради Дарко.
„Тоа е единственото дете со срце за цела Хрватска. Тој е толку прекрасен, толку скромен, насмеан, ведар, собира желади од шумата со соседите. Тој ќе ѝ помогне на својата мајка, тој му ветил на татко му дека ќе ги чува нивните девојки. Не е фер. Тоа е дете од шест години кое мора да се смее. Едноставно не е фер.“ - вели Михаела.
„Собираа пари, ги платија долговите за во градинка. Го платија и долгот за струја. Беа тука, не изненадија пријатно, дојдоа и ни купија работи за во фрижидерот, за во куќата“ - зборува Мартина за сето добро кои ѝ го направиле луѓето.
Грижа и внимание на кои Мартина едноставно не била навикната. Во семејството за жал не смета на нико. Таа и Томислав секогаш работеле сами, па и планирале и проширување на скромната куќа.
„Застанавме со градењето, значи не можеме напред. Само тие долгови кога ќе соберете, веќе се многу пари потрошени, а всушност не се гледа ништо дека е направено. Куќата не е за живот, особено не кога бебето ќе дојде“ - признава Михаела.
А, за бебето вели дека се подготвиле и дека барем таа грижа ѝ ја тргнале од грбот. На нив воопшто не им е грижа за овој свет.
„Кога мие најтешко, стискам заби и немам право да се откажам, немам право да се предадам затоа ги имам нив, а тоа како ми е на мене, тоа само јас си знам кога ќе се изгаснат светлата“ - вели Мартина.
Знае и Дарко. Ги гледа солзите кои мајка му се труди да ги сокрие. Наместо со радост да ја очекуваат сестричката, се сушаат грижата и тагата во нејзиниот глас.
„Па ја прегрнувам и ѝ велам да престане да плаче. Бидејќи доколку таа плаче, потоа и јас ќе сум тажен. Да, сум. Па затоа морам да ја утешам понекогаш. Така е во животот“ - вели Дарко.
фото: Pixabay