Тренирам лизгање и атлетика 14 пати неделно: Снежана Тунеска е мултиталент

Тренирам лизгање и атлетика 14 пати неделно: Снежана Тунеска е мултиталент

Објавена во: Интервјуа, Таленти

Снежана Тунеска има само 13 години, а зад себе успеси кој би ги посакал секој. Оваа осмооделенка од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје секојдневно тренира два спорта, оди на 10 тренинзи неделно по уметничко лизгање и уште на 4 тренинзи неделно по атлетика. Интересно за неа е што таа и покрај тренинзите успева да им се посвети и на математиката и природните науки и да биде успешна и на тоа поле. Таа има освоено преку 30 –тина награди - златни, сребрени и бронзени медали во спортовите и многу први места и пофалници во областа на природните науки на државни, регионалени, општински натпревари. За нејзините успеси прочитајте во продолжение...

# За почеток ќе ни откриеш ли кои се твоите најголеми успеси, на колку натпревари си учестувала досега и колку дипломи си освоила?

Имам учествувано на бројни натпревари по математика и останатите природни науки на сите нивоа на натпреварување, од училишно, па сè до државно ниво. Поконкретно, имам освоено 6 дипломи од општински натпревари, 7 од регионални и 2 на државни натпревари. Освен успесите на натпреварите по математика и природни науки, активно се занимавам и со спорт имам освоено бројни награди од уметничко лизгање и атлетика. Во спортските натпреварувања имам добиено 8 дипломи за сериозни резултати на различно ниво.

# Знаеме дека повеќето твои врсници и не се големи обожаватели на математиката, од каде желбата кај тебе да се посветиш токму на оваа наука или можеби тоа е некој твој скриен талент?

Математиката не е воопшто лош предмет. Честопати на учениците им се прикажува како тежок и предмет кој не е интересен, а е сосема спротивно на тоа. Според мене математиката е мошне важна и интересна и мислам дека сите треба правилно да ја разбереме и да се потрудиме да ја научиме не заради петките, туку затоа што ќе ни треба во понатамошниот живот. Јас не би рекла дека имам талент за математика бидејќи има мои другарки на кои им е милион пати полесна отколку мене, но со труд и работа секој може да постигне ваков успех.

# Освен тоа што си успешна на полето на математиката и природните науки ти си успешна и во спортот. Па како успеваш да најдеш зедничка точка меѓу математиката, уметничкото лизгање и атлетиката?

Не се работи тука за заедничка точка или слично, тука се работи за кои спортови и науки кои јас ги обожавам. На пример, пред да почнам да тренирам уметничко лизгање и атлетика сум се обидела да тренирам многу други спортови, но ниту еден не го засакав како овие два спорта и затоа не сум продолжила со тренирање. Затоа мислам дека секој треба да подолжи да го бара вистинското хоби и научна област која ќе го исполнува.

# Листата на твоите освоени награди во многу области е навистина долга, па имаш ли некоја награда кој ти е најдрага и на која си особено горда?

Од медалите за уметничко лизгање можам да кажам дека најдрага ми е бронзениот медал на Skopje Open во 2017 година бидејки тој беше мојот прв натпревар и беше многу неочекувано да освојам медал. Од атлетика најдраги ми се златниот (скок во далечина) и сребрениот медал (60 метри) кои ги освоив на натпревар во Куманово на националното првенство за пионери. За математика не можам да одберам бидејќи ги има многу.

#Која е твојата неостварена желба?

Имам повеќе неостварени желби, но ако би требала да одберам една би била да стигнам до Oлимпијадата за уметничко лизгање и атлетика. Го одбирам спортот, наспроти науката бидејќи сметам дека имам поголем талент и можност да успеам во тоа. 

#. Активна си на многу полиња, си размислила ли која би била твојата идна професија?

Од мала сакам да станам хирург и таа желба нема да исчезне во скоро време. Знам дека нема врска со сите мои активности во овој период, но од секогаш сум била заљубена во замислата секојдневно да помагам на луѓе со мојата работа.


# Покрај толку обврски пронаоѓаш ли слободно време и најчесто што правиш кога си слободна?

Моето слободно време додека трае учебната година е многу мало, но сепак е тука. Најчесто го користам за одмор и за јадење бидејки секогаш  сум гладна и за учење бидејќи сепак треба да се посветам и на тоа.

Б.М.


Објавена во: Интервјуа, Таленти

Можеби ќе ве интересира: