MUST HAVE: „Дизни“ дуксерот на Ања Ветерова!
Младата пејачка Ања Ветерова, која моментално студира во Соединетите Американски Држави, важи за една од најдобро стилизираните познати девојки. Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со фотографии на кои така секогаш има одлични „аутфити“, меѓу кои се вбројува и овој.
Имено, „Дизни“ дуксерот кој таа го носи е апсолутно MUST HAVE парче, кое секоја млада девојка треба да го има во својот плакар. Може да се искомбинира во малку поелегантна варијанта, како што направила Ања, но може и во спортска.