MUST HAVE: Топли собни чизмички кои треба да ги имате оваа зима
Доаѓањето на есента го донесе и ладното време со себе. Полека, но сигурно и зимата, заедно со снегот се приближуваат. Во овој период од годината, топлите џемпери се едно од најизносените парчиња облека.
Но, освен топлата облека, топлите обувки исто така се многу важни кога се во прашање ладните денови. Дали станува за чизми за во снег или пак за топли папучки или чизмички за дома не е важно, бидејќи во студените денови најважно е да сме заштитени од студот.
Многумина од нас внимаваат и на изгледот, не само за функционалноста, затоа во продолжение погледнете неколку модели кои може да ги најдете во продавниците на Bonatti Македонија или online на нивната страница.
# Собни папучки - 619 денари
Удобни и многу меки женски собни папучи, со затворен преден дел. Ги красат младешки детали, а внатрешноста е дополнително поставена. Имаат гумен ѓон.
# Собни чизмички - 949 денари
Меките женски собни чизмички пружаат удобност и исклучителна топлина. Проткаени се со златни нитни, со висечки деталиод страна. Имаат гумен ѓон.
По повод 5 - от роденден, Bonatti Македонија организира 20% попуст на сите производи кои веќе не се намалени, вклучувајќи и ја basic колекцијата. Акцијата започнува од денес 15 октомври и трае до 20 октомври.