Музички времеплов: Елена Ристеска собра повеќе од еден милион прегледи за изведбата на „Дури бев мома при мама“

Музички времеплов: Елена Ристеска собра повеќе од еден милион прегледи за изведбата на „Дури бев мома при мама“

Објавена во: Stars // Музика

Македонската поп - пејачка и претприемачка Елена Ристеска, вчера го прослави својот 36-ти роденден. Честитки добиваше од сите страни, а со коктел пред себе и секако од плажа им се заблагодари на сите.

Во нејзината долгогодишна кариера повеќе пати покажа и докажа зошто е една од најпопуларните пејачки во Македонија, а одличен доказ за тоа е и ова видео, кое е направено од гостувањето на Елена во емисијата „Зори зори“ на маестро Зоран Џорлев.

Имено, во емисијата Ристеска ја испеа песната „Дури бев мома при мама“, која во оригинал ја изведува Виолета Томовска. За оваа изведба има повеќе од еден милион прегледи, а доколку уште ја немате слушнато, направете го тоа во продолжение:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: