Музички времеплов: Како е создадена песната „Поноч“ од филмот „Тома“?
фото:printscreen/филм „Тома“
Песната „Поноч“, од филмот „Тома“, е моментално една од најбараните и најслушаните песни во регионот заедно со самиот филм.
Песната е од композиторот и пејач Жељко Јоксимовиќ, а станува збор за оддавање почит на великаните на југословенската музика.
Јоксимовиќ објасни дека се работи за дует на пејачите Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ кој никогаш не е снимен.
„Некаде на почетокот на снимањето Бјела ме замоли да напишам песна, односно дует на Тома и Силвана кои никогаш не го снимиле“ - изјави композиторот и продуцент на филмот „Тома“, Жељко Јоксимовиќ.
Уште на претпремиерните проекции на филмот, се јави голем интерес за оваа песна која на сите им звучи познато, но од каде?!
-Кога почнав да компонирав, имав рефрен во мојата глава, но уште долго размислував кој може да го напише остатокот од текстот, а само Тозовац ми падна на памет во тој момент, имајќи предвид дека и тој пишуваше за Силвана.
Мими, сопругата на Тозовац, за два часа, во време на ковидот, заедно телефонски ја завршивме оваа песна.
Жал ми е што Тозовац сега не е со нас за да ја слушнеме и уживаме во оваа песна и филм. Но, сакам да верувам дека и песната и филмот се наш подарок и почит на големите уметници како Тома и Тозовац, кои не инспирираа со својата уметност и музика, заклучи Јоксимовиќ.
Песната „Поноч“ ја компонираа Жељко Јоксимовиќ заедно со Тозовац. Заедно го направија и текстот на песната, а аранжманот го направи Жељко Јоксимовиќ, а свиреше оркестарот на Аце Софронијевиќ.
извор:radiosarajevo