Музички времеплов: Најемотивниот настап на Александар Белов од „Операција триумф“
Македонскиот пејач Александар Белов, се повлече од музиката во Македонија и се пресели во Србија, каде што започна живот со неговата сопруга Јелена, која вчера на свет го донесе нивното прво дете, ќерката Мина.
Белов стана популарен по учеството во балканското шоу „Операција триумф“ каде што во најдобро светло се претстави себе, но и нашата држава. На неговите настапи никој не остануваше рамнодушен, а многумина и денес велат дека тој е морален победник на ова шоу.
Еден од настапите кои особено се издвојуваат е оној на кој ја пееше „Тајно моја“, една од најпознатите балиди на Тоше Проески. Како звучеше и изгледаше тогаш Белов, погледнете во продолжение: