Музички времеплов: Најубавата и најемотивна песна од „Манескин“
Групата „Манескин“ по победата на Евровизија стекна неверојатна популарност, а особено фронтменот на групата, Дамиано Давид, е постојано под будното око на јавноста, поради неговиот ексцентричен изглед.
Талентираните дечки од „Манескин“ покрај тоа што издоминираа со песната за Евровизија, имаат и други песни кои станаа популарни откако светот дозна за нив.
Една од тие песни е „Torna a casa“ („Врати се дома“) која брои близу 135 милиони прегледи на јутјуб и е можеби нивната најромантична, најемотивна и најубава песна.