Музички времеплов: Настапот на Марија Шерифовиќ од кој, кога ќе го види ѝ се повраќа
Марија Шерифовиќ деновиве уживаше покрај базен со победниците од последните две сезони на „Ѕвездите на Гранд“, годинешниот победник Махир и минатогодинешната победничка Џејла Рамовиќ.
По успешната сезона на натпреварувањето кое ѝ донесе уште една во низата победи, Марија како и секогаш покажа колку и како знае да ги цени нејзините кандидати на кои им е секогаш поддршка.
Кога сме кај победите на Марија, се разбира онаа која е синоним за неа е евровизиската победа со песната „Молитва“.
Интересен момент поврзан со оваа победа е всушност полуфиналната вечер на „Беовизија“ - српски избор за Евровизија, односно тогашниот настап на Марија кога ја претстави песната „Молитва“.
За Шерифовиќ ова е настап од кој ѝ се повраќа кога ќе го види, како што самата има изјавено во неколку прилики.
Имено, тоа е така бидејќи на настапот Марија можеби и за првпат, а дефинитивно и последен пат, се појавува во свечено здолниште и кошула.
Овој стајлинг не е својствен за пејачката чиј стил вообичаено кежуал и се состои од фармерки, патики и спортски маици.
Погледнете ја Марија во едно поинакво издание: