Музички времеплов: Настапот на Трајче Ѓоргиев со кој направи БУМ, жирито му се поклонуваше
Момчето кое го запознавме од музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“, Трајче Ѓоргиев како преку ноќ да порасна пред нашите очи.
Се натпреваруваше во првата сезона од музичкото натпреварување и беше актуелен како во нашата држава, така и во Србија.
Вистински БУМ, Трајче направи со вториот настап во петтиот круг кога пееше шпанска песна од Давид Бисбал. Истиот тој ден му беше роденден и имаше прекрасен настап на кој жирито му се поклони, а целото студио ечеше од аплаузот и гласните овации на публиката.