Музички времеплов: Последната песна на Аки Рахимовски снимена во Скопје е „Ако згрешам, нека изгорам“ со браќата Тавитјан

Музички времеплов: Последната песна на Аки Рахимовски снимена во Скопје е „Ако згрешам, нека изгорам“ со браќата Тавитјан

Објавена во: Stars // Музика

фото;printscreen

Аки Рахимовски бил емотивно врзан за песната „Ако згрешам, нека изгорам“ од Пепи Бафтировски. На негова желба, тој снимил преработка на оваа песна во студиото на браќата Тавитјан во Скопје.

За жал, Аки не ја дочека да се промовира оваа емотивна балада, чиј нов аранжман го направи Диран Тавитјан, кој ги отсвире и клавијатурите. Тажна, но и силна симболика имаат стиховите на оваа песна која ја напишаа Миле и Ѓорѓи Барбаровски, сега, кога ниту Пепи ниту Аки не се веќе меѓу нас. Ова е последната песна на Аки, снимена во Скопје.

На крајот од новата верзија најпечатлив дел е шепотењето на Рахимовски кој вели: Те сакам Пепи. Во чест на семејниот пријател, браќата Тавитајн ја продуцираа оваа песна, а Гаро јуниор создаде емотивно видео со снимки и фотографии од Аки.

Фронтменот на „Парни Ваљак“ почина на 22 јануари во Ново место, Словенија.

Слушнете ја безвременската „Ако згрешам, нека изгорам“, во изведба на Аки Рахимовски и браќата Тавитјан.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: