Музички времеплов: Преработката на „Не кажувај либе добра ноќ“, која Нина Бадриќ ја отпеа на одличен македонски
Во 2012 година, Браќата Тавитјан заедно со најголемите музички имиња од Балканот, го реализираа проектот „7/8“. Помеѓу звучните имиња од регионот се најде и пејачката Нина Бадриќ, која ѝ даде свој печат на „Не кажувај либе добра ноќ“.
Одличниот македонски е нешто со што воодушеви многумина, а интересно е тоа што за потребите на спотот таа снимаше во Македонија.
Иако од овој проект се поминати скоро 9 години, сепак оваа прерабока сѐ уште носи некоја свежина во себе и истата претставува едно ново време.
Како звучи и изгледа Нина, ве потсетуваме во продолжение:
Оваа песна, пејачката ја пее на секое гостување во Македонија, па така беше и последниот пат, пред нејзиниот прв концерт кај нас, кој го одржа во „Филхармонија“.