Музички времеплов: Првиот јавен настап на кој Некст тајм ја испеаја „Ја излези Ѓурѓо“

Музички времеплов: Првиот јавен настап на кој Некст тајм ја испеаја „Ја излези Ѓурѓо“

Објавена во: Stars // Музика

Бендот Некст тајм се формираше во 2008 година, кога „бушавите“ браќа се појавија на македонската музичка сцена со песната „Не верувам во тебе“. По оваа песна, сите следни хитови, а за нивната популарност говори фактот што само една година подоцна тие заминаа во Моска, Русија, каде ја претставуваа Македонија на Евровизија со песната „Нешто што ќе остане“.

Денес, скоро 15 години подоцна тие се посветени на еден малку поинаков стил на изведување на музика и се насочени кон проектот со македонски комитски песни, во кој досега ги имаат отпеано „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“, „Јовка Кумановска“ и „Кога падна на Пирина“ како последна во низата.

Но, знаевте ли дека ваквите песни Стефан и Мартин ги изведувале и порано, а посебно „Ја излези Ѓурѓо“. Затоа во продолжение погледнете го видеото кое е баш од тој период и во кое заедно со група Фонтана ја изведуваат споменатата песна.


фото: Принтскрин / Јутјуб
Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: