Музички времеплов: Се најде на листата на милијардери, Ријана освен милиони на Јутјуб има милиони и во банка

Музички времеплов: Се најде на листата на милијардери, Ријана освен милиони на Јутјуб има милиони и во банка

Објавена во: Stars // Музика

Познатата пејачка од Барбадос, Ријана се најде на листата на милијардери која секоја година ја прави магазинот „Форбс“, а нејзиното богатство се проценува на 1.9 милијарди долари. Најголемиот дел од парите ги има добиено од нејзината козметичка линија „Fenty Beauty“, која само во 2020 година има остварено приход од 550 милиони долари. Остатокот од парите ги има благодарение на нејзината музичка кариера, на која многумина ѝ завидуваат.

Доказ за тоа се и големиот број прегледи кои ги има на песните на Јујутб, а кои се бројат во билиони, а во продолжение погледнете кои песни на Ријана имаат најмногу прегледи на оваа социјална мрежа:

# На првото место е соработката со Калвин Харис, „This Is What You Came For“, која на Јутјуб има повеќе од 2.5 билиони прегледи.

# На второ место се најде уште еден дует и тоа оној со Емимен. „Love The Way You Lie“ собра повеќе од 2.3 билиони прегледи.

На третата и не помалку важна позиција е песната „Diamonds“, која има 1.9 билиони прегледи.

Kоја е вашата омилена песна од Ријана?

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: