Музички времеплов: Се потсетуваме на настапот на Лорин со кој за првпат ја покори Европа
Шведскaта пејачка Лорин, оваа година по втор пат го крена евровизискиот трофеј...
Имено, Лорин по вторпат ја однесе победата на најголемото музичко натпреварување во Европа, а овој пат сите ги освои со песната „Tattoo“.
Но, се сеќавате ли со која песна победи за првпат на Евровизија, но и како изгледаше нејзиниот настап? Лорин ја однесе победата и во 2012 година, пред точно 11 години. Тогаш победи со песната „Euphoria“, песна чии стихови и денес ги потпевнуваат фановите на натпреварувањето.
На официјалниот Јутјуб профил на Евровизија е објавен настапот од финалето, а токму на ова видео Лорин успеа да собере дури 57 милиони прегледи.
Како изгледаше пред 11 години на евровизиската сцена, погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Јутјуб