Музички времеплов: Се потсетуваме на настапот од „Super Bowl“ на кој Еме пееше заедно со Џеј Ло
Откако медиумите почнаа да пишуваат дека ќерката на Џеј Ло се декларира како родово небинарна личност, а пејачката тоа го потврди пред полн стадион во Лос Анџелес.
Имено, мајката и ќерката настапија заедно на настан во Лос Анџелес, а ова не е првпат Еме да застане со неа на сцената. Тоа го направија и во 2020, кога Еме настапи на големата сцена на „Super Bowl“, заедно со мајка ѝ и Шакира.
Тогаш 11 - годишната ќерка на Џенифер Лопез и Марк Ентони, Еме покажа има сѐ што е потребно за да биде ѕвезда, а како изгледаше сето тоа, погледнете во видеото во продолжение: