Музички времеплов: Се сеќаваме на најемотивниот настап на Мартија Станојковиќ во „Ѕвездички“

Музички времеплов: Се сеќаваме на најемотивниот настап на Мартија Станојковиќ во „Ѕвездички“

Објавена во: Stars // Музика

Мартија Станојковиќ се претстави во втората сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Иако на почетокот важеше за едно срамежливо девојче, со солидни вокални способности, таа во текот на натпреварувањето се претвори во вистинска музичка дива.

Еден од настапите кои се навистина посебни и незаборавни, беше оној на кој ја отпеа песната „Writing's On The Wall“ од Сем Смит. Тогаш со својата изведба буквално го остави жирото без зборови, а за време на целиот нејзин настап се слушаше громогласниот аплауз.


Нешто по што исто така се истакнува овој настап на Мартија е тоа што Гоца Тржан не можеше да издржи, па се симна од своето столче и ѝ пријде на младата пејачка да ја прегрне и да и поклони. 

„Блазе си и на мајката која те родила. Ти си потполно генијална, разбираш ли? Јас никогаш во својот живот не сум видела и слушнала вакво нешто. Ти се поклонувам“ - рече Гоца, на што Мартија почна плаче.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: