Музички времеплов: Се сеќавате ли со која позната македонска пејачка, Александар Белов имаше дует во „Операција триумф“?
„Операција триумф“ беше регионално музичко реално шоу во кое имаше кандидати од сите земји од поранешна Југославија. Македонија имаше неколку претставници, но само еден остана да се бори за првото место, кое за жал не го освои.
Станува збор за Александар Белов, кој тогаш имаш само 21 година и беше едно скромно и повлечено момче. Низ шоуто, тој секојдневно ги покажуваше своите вокални способности, а на сцената никогаш не дозволуваше да погреши.
На еден од настапите, Каролина Гочева му беше поддршка и во таа прилика заедно ја испеаја „Се лажам себе“, а како звучат тие двајца во дует - слушнете во продолжение: