Музички времеплов: Седум песни со милионски прегледи од ДНК - една од нив има 3.6 милиони прегледи
Најпознатото македонско дуо - Панчо и Андреј ДНК, годинава слават 20 години кариера - јубилеј кој ќе го одбележат со концерт на 3. декември.
20 години растеме со песните на ДНК кои се безвременски хитови.
Во морето нивни песни и дуети, седум се издвојуваат со милионски прегледи на платформата јутјуб, и секако не сметаме дека јутјуб е мерило за тоа дали една песна е хит или не, но сепак е показател за слушаност особено кај помладите, Gen Z генерации.
Ги подредуваме од седмо до прво место - песни со милионски прегледи од ДНК:
#7 Најмила - 1милион
#6 Само таа знае како - 1.6милиони
#5 Север и југ - 1.7милиони
#4 Што сака нека биде - 1.9милиони
#3 Она е од Шутка - 2милиони
#2 Горе или доле - 2.6милиони
#1 Срце - 3.6милиони