Музички времеплов: Сите наши претставници на детска Евровизија!
Македонија својот прв настап, а и претставник на детската Евровизија го имаше во далечната 2003 година. Тогаш Македонија ја претставуваа Марија и Викторија со песната „Ти не ме познаваш“.
Следна беше Мартина Силјановска со песната „Забава“, за веќе во 2005 година боите на Македонија да ги брани Денис Димовски со неговиот „Роденденски бакнеж“. По него следуваше Зана Алиу која пееше колку е „Вљубена“, за во 2007г. Росица и Димитар да ги разиграат сите со нивната „Динг динг донг“.
Директно од Австралија Боби Анднов нѐ престави со „Прати ми СМС“, а по него Сара Марковска пееше „За љубовта“.
Потоа следуваа Ања Ветерова со песната „Еооо, еооо“, Доријан Дака со „Жими овој фрак“, Барбара Поповиќ со „Охрид и музика“, Ивана и Магдалена со „Плетенка“, Мартија Станојковиќ ја отпеа „Love will lead our way“, Мина Блажев со „Dancing trough life“ и Марија Спасовска со песната „Дома“.
Оваа година Македонија ќе ја претставува 14 - годишната Мила Москов од Прилеп, со песната „Fire“.