Музички времеплов: Тоше е единствениот Македонец кој ја наполни Белградска арена - ве потсетуваме на неговиот спектакулерен концерт
Тоше Проески е единствениот македонски пејач кој ужива огромна популарност и на Балканот. Освен во Македонија, тој подеднакво голема ѕвезда беше и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина...
За тоа говорат снимките од неговите концерти, кои беа полни до последното место. Еден таков концерт за паметење за Денот на вљубените во 2007 година имаше во Белград, Србија. Имено, тој е првиот македонски изведувач кој успеа да ја наполни Белградска арена до последното место.
Таа вечер, со него во еден глас публиката ги пееше сите негови песни, а како изгледаше сето тоа, погледнете во видеата во продолжение:
фото: Принтскрин / Јутјуб