Музички времеплов: Три кавери на „Признавам“, еден од најголемите хитови на Тоде Новачевски

Музички времеплов: Три кавери на „Признавам“, еден од најголемите хитови на Тоде Новачевски

Објавена во: Stars // Музика

Вчера сите ги растажи веста за смртта на Тоде Новачевски, познат текстописец и композитор, кој долги години беше во брак со македонската пејачка Маријана.

Еден од најголемите хитови кои ги создал Тоде е песната „Признавам“, која на Макфест '88 ја отпеа сестрите Маријана и Росана.


Дека оваа песна е евергрин, одличен доказ е тоа што и ден денес се пее на сите свирки, но и телевизиски гостувања. Речиси и да нема пејач што ја нема отпеано, а ние во продолжение се издвојуваме три изведби на признавам, кои особено се истакнуваат.

# Александра Јанева

Младата пејачката ја оваа песна се претстави во музичката емисија „Сите наши песни“ во 2013 година, а дека истата ѝ е една од поомилените македонски песни, говори и фактот што не поминува настап без да ја испее.


# Милена Антовска

Познатата водителка овој евергрин го отпеа за време на гостувањето во една емисија во 2017 година, придружувана Балкан Бенд. Можеби не станува збор за изведба од која ќе се наежиме, но магијата ја создава самото тоа што Милена е водителка, а не пејачка.


# Тамара Тодевска и Антониа Гиговска

Оваа изведба на „Признавам“ настана на еден настап на Тамара, која ја повика Антониа во дует да ја отпеат оваа песна. 



Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: