Музички врмеплов: Се сеќавате ли на песната која го вивна помеѓу ѕвездите дуото ДНК?

Музички врмеплов: Се сеќавате ли на песната која го вивна помеѓу ѕвездите дуото ДНК?

Објавена во: Stars // Музика

Владимир Блажев - Панчо и Андреј Ѓорѓиески се момците кои во 2001 година се обединија и го создадоа дуото ДНК.

Денес се едни од најпопуларните артисти во Македонија, а нивните песни на концертите се пејат од прв до последен збор. Скоро секоја објавена песна им е хит, но знаете ли која песна ги прослави?

„Девојка за везден“ е првиот сингл за кој сниминија и спот, но песната која ги вивна помеѓу ѕвездите е нивниот втор сингл „Благодарам однапред“, песна која слободно можеме да кажеме дека стана евергрин.

Тие оваа песна ја изведуваат и денес на концертите, а како звучеа некогаш, слушнете во продолжение:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: