На 19 години станала милионерка, се капе во луксуз: Еве како од сиромаштија, стигнала до 7 куќи и скапи автомобили од сиромаштија

На 19 години станала милионерка, се капе во луксуз: Еве како од сиромаштија, стигнала до 7 куќи и скапи автомобили од сиромаштија

Објавена во: Живот // Живот

Таа е доказ дека може да се заработи кога имаш голема желба за тоа...

Линзи Донован нема многу пари додека растела во Мериленд, каде живеела со родителите Мери и Винсент, но сега има неверојатни 4,66 милиони евра.

Девојката на свои 18 години се преселила на Флорида. Одлучила да им се посвети на социјалните мрежи за да оствари некоја заработка, стримајќи видео снимки.

Набрзо почнала да заработува многу пари, и решила да ги вложи во недвижнини.

Но, токму тие нејзини инвестиции во имот ја довеле до тоа да се збогати... Сега поседува 7 куќи во милински износи.

Линзи очајнички сакаа нејзините родители да се преселат за да бдиат со неа, што дури им купила и куќа.

„Ги изненадив своите родители со нивната куќа од соништата. Врескаа додека ја разгледуваа преубавата куќа во која имаше и базен. „Ја купуваш за нас?“ - ме прашуваа за имотот кој има четири спални соби, шест тоалети и пансион. Добро е чувството да им дадеш живот каков што заслужуваат“ - кажа Линзи.

Нејзините родители истакнаа дека таа секогаш имала желба да заработи пари.

Од мали нозе, Линзи „секогаш сакала многу од животот. Сакала да има голема вила.“, а почнала и да се занимава со моделинг на 15 години и видела дека бројот на нејзините обожаватели со текот на годините расте.

Освен што паметно ги вложувала своите пари, Линзи исто така сака да се почасти со скапоцени автомобили, а еден вреди дури 391.000 фунти.

„Најмногу пари што имам потрешено во еден ден се 450.000 долари“.

Својата куќа ја купила кога имала 20 години.

„Имам  најголема куќа на цело езеро. Се чувствувам како принцеза која секој ден влегува во својот прекрасен дом со високи плафони. Овде заоѓањето на сонцето е прекрасно, сакам да ги гледам своите кучиња во базенот и својата голема розева барби спална соба“ - вака Линзи го опиша своето мало царство.

Таа, исто така поседува и фустан од 3.000 долари, кој е направен специјално за Ким Кардашијан. На оваа милионерка најголемо задоволство ѝ прави фактот што никогаш не мора да се грижи за цените и дали може нешто да си дозволи.

Линзи вели дека е супер чувството кога можеш да си купиш што ќе посакаш, а да не размислуваш за цената, но истакнува дека ја цени вредноста на парите, и дека за неа финансиската слобода е нешто непроценливо.

Оваа ѕвезда на Инстаграм не се срами да покаже колку пари има и своите следбеници често споделува детали од својот раскошен живот.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: