На 21 година ја купила првата куќа вредна 5,2 милиони долари: Која е наводната поќерка на Сергеј Лавров (ФОТО)
Лавров и официјално е во брак со Марија Лавров, но наводно ова е маска само за јавни и официјални настани, додека всушност тој е во втор брак повеќе од 20 години, пишуваат британските медиуми. Оваа информација своевремено ја даде Алексеј Навални, лидерот на опозицијата, кој откри и дека „тајната сопруга“ на Лавров е Светлана Пољакова, која ја има ќерката Полина.
26-годишната Полина посетувала приватен интернат во Бристол откако дипломирала економија и политика на Универзитетот Лафборо, а подоцна магистрирала економија и бизнис стратегија на Империал колеџот во Лондон.
По завршувањето на студиите, Полина работела за Гаспром, руски енергетски гигант, а подоцна се вработила во рударската компанија Гленкор. Пред да купи сопствена куќа на 21 година во Кенсингтон, вредна околу 5,3 милиони долари, таа живеела во делот на Западен Лондон, Холанд Парк, во стан во сопственост на руската амбасада.
Таа наводно живее со својот партнер, кој исто така има 10 отсто удел во нејзината финансиска компанија. Русокосата наследничка на Сергеј ги затвори социјалните мрежи, но британските медиуми пишуваат дека нејзиниот профил на Инстаграм до неодамна личел на „бескраен одмор“.
Инаку, Обединетото Кралство, исто така, ја вклучи Полина Ковалева, наводната поќерка на Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, во серија санкции против Русија. Оваа одлука е донесена денеска, а се однесува на голем број други руски олигарси, фирми и вработени.
фото: Притнскрин / Инстаграм