На 22 јуни ќе има тестирање во училиштата со голем број на пријавени ученици
Јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број на ученици со ист број на поени од предвидениот број на ученички места во конкурсот за запишување ученици во средно образование за учебната 2020/2021 година, ќе организираат квалификационо тестирање на 22 јуни со почеток во 10:00 часот, посочија од Министерство за образование и наука.
„Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование. Додека, за учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили) ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште.“ - додадоа во соопштението.
Конечните ранг листи со резултатите ќе бидат објавени на 22 јуни 2020 година и тогаш сите идни средношколци ќе знаат дали ќе треба да се подготвуваат за тестирање.