На 4 години знаела дека е девојка заробена во тело на момче: Ја промени историјата на ЛГБТ и стана најмладата трансродова личност

На 4 години знаела дека е девојка заробена во тело на момче: Ја промени историјата на ЛГБТ и стана најмладата трансродова личност

Објавена во: Живот // Живот

Најмладата личност која го променила полот била Ајвери Џексон која е родена како момче, а на ова се одлучила на само 6 години...

Пред неколку години тимот на „Национална географија“ решил да направи приказна за најмладите трансродови личности во светот. И додека пред камерите стоеле деветгодишни деца, една девојка го украде целото внимание со својата приказна, бидејќи знаела дека сака да го промени полот уште кога имала 4 години, а процесот го започнала на само 6.

Станува збор за Ајвери Џексон која е избрана да ја краси насловната на магазинот и која токму со тој потег го промени текот на ЛГБТ историјата, а една нејзина реченица објасни доволно за тоа колку силно го посакувала тоа:

„Најдоброто нешто од тоа да бидеш девојче, е тоа што сега не морам да се преправам дека сум момче.“

И тоа не е сѐ - веќе на девет години, помагала да се оспори ограничената, тесна претстава на толку многу луѓе за тоа што значи да се биде трансродова личност.

Секако, ништо од тоа не би било возможно доколку Ајвери немала поддршка од своето семејство - она што многумина што се наоѓаат во слична ситуација, го немаат.

За „Национална географија“ нејзината мајка Деби зборувала за своето искуство за растење на трансродово дете, а исто така сите овие години била активна во бројни родителски групи, но и држела говори на разни конференции.

„Јас сум жена која израснала во Алабама, родена и растена во тврдоглаво републиканско војничко семејство, која стана доживотна конзервативка. Зарем тоа не е токму она што веднаш ви паѓа на ум кога ќе замислите поборник за еднаквост на трасродовите луѓе? Целиот мој живот се засноваше на строги правила и конзервативно размислување, а потоа добив син кој ми кажа дека сака да биде девојче“ - вели Деби.

„Тоа беше изненадување - прилагодување кое не дојде природно. Мислам, имавме пријатели хомосексуалци, но идејата за трансродна личност ни беше потполно непозната. Единствено што знаев за трансродовите личност беа приказните од типот на Џери Спрингер. И сигурно не слушате позитивни приказни во таква емисија“ - додаде мајката.

Меѓутоа, покрај предизвиците во разбирањето, следниот чекор за Деби и нејзиниот сопруг бил многу коректен.

„Брзо сфатив дека или ќе го поддржиме своето дете или ќе ни биде многу тешко“ - призна Деби.

Сето ова се случувало кога Ајвери имала 4 години и кога републиканската партија драматично се променила, и со тоа често ги истакнувала острите ставови за социјалните прашања и ги напаѓала семејствата како Деби.

„Јас сум воено дете, секогаш ќе имам таква перспектива. Имам принципи: тргни им се од патот на сите, дозволи им на луѓето да се грижата за сбее, помалку регулирај и пушти ги на пазарот за да функционираат. Но, морам да се сконцетрирам на тоа дека мојата ќерка има права како Американка - дека е 100 проценти еднаква со сите останати. Тука ми е фокусот. Не сакам да почувствува дискриминација“ - наведе Деби.

Деби истакна дека знае многу луѓе кои немале можност да уживаат во своето тело и дека порано признаваат дека се трансродови за да го променат полот. Тоа многу им ги отежнувало работите во животот и со години живееле „заклучени“.

„Транс жената отсекогаш се сметала за жена. Многу луѓе немале можност да го сопрат пубертетот и да го имаат телото кое го сакаат. Мојата Ајвери има. Транс жените се супер и често израснуваат во феминистики кои не им дозволуваат на мажите да ги загрозуваат другите жени“ - вели таа.

Ајвери денес има 14 години, а нејзината мајка има јасни ставови кога е во прашање нејзината иднина:

„Мојата ќерка наскоро ќе добие возачка дозвола, за некоја година ќе тргне на факултет, се надевам дека ќе биде доволно самосвесна за отворено да каже која е и што е. Исто така, верувам дека факултетот ќе ѝ овозможи да дели соба со други девојки без размислување за тоа дали е тоа морално и исправно, бидејќи е трансродова личност“ - наведе оваа мајка, давајќи акцент на тоа дека ќе се бори за правата на нејзината ќерка и останатите трансродови луѓе да престанат да бидат дискриминирани.

Како изгледа денес Ајвери, погледнете во продолжение:




Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: