На 6 години се бори за спас на животните во Австралија: За 10 дена донираше 250 илјади долари
Голем број луѓе пробуваат да помогнат на Австралија, бројни донации ширум светот се покренаа. Еден од милионите донатори е и Owen Colley, 6 - годишно момче од САД, од Масачусетс, кој прави мали глинени коали за собирање пари.
Owen користи сива, бела и црна глина за да ги направи слатките коали за помалку од 4 минути работа.
За секоја продадена минијатура, неговите родители даваат донација за спасување на дивите животни во Нов Јужен Велс.
6 - годишното момче успеа да собере над 250 илјади долари за 10 дена.