На 8 години Мила се бакнуваше со 5 години постаро момче: Сега има 9, а изгледот кој го форсира нејзината мајка ја шокира јавноста
Младата блогерка Милана Мила Маханец успеа да го освои вниманието на јавноста кога објави дека се забавува во пет години постаро момче, кое исто така е блогер...
Она што посебно ја згрози јавноста не е фактот дека тогаш 8-годишното девојчето обелодени дека стапило во романтична врска со 13-годишниот блогер Паша Пел од Москва, туку дека за сето тоа добило благослов од нејзината мајка Дарја, која во потполност ја има поддржано нивната врска.
И двајцата на своите сториња објавуваа фотографии на кои се бакнуваат, па дури и како спијат во ист кревет. На една фотографија се гледа дека се прегрнати, додека Мила ги мие забите и тоа само во долна облека.
„Детето кажа дека ќе преноќи кај Паша. Тоа беше семејна посета. Односно, Милана и јас бевме во посета на семејството со кое сме пријатели“ - објасни Дарја и додаде дека нејзината ќерка не знае за „скандалозните коментари кои се објавуваат на социјалните мрежи“.
Александар Маханец, таткото на Мила, кој од Дарја се развел во 2019 година, посочи дека не знае ништо и дека е шокиран.
„Сега сум шокиран со она што се случува. Благо кажано, ова е погрешно“ - кажа тој.
И покрај тоа што скандалот повеќе не ја тресе јавноста, под знак прашалник се доведува моментот на тоа како мајката ја претставува својата ќерка во јавноста. Еден куп нејзини фотографии покажуваат дека таа не личи на дете кое уште не влегло во пубертет.
Многумина се фрапирани од последните фотографии на Мила, тврдат дека станува збор за класична сексуализација и дека нејзиниот профил дефинитивно може да привлече педофили.
фото: Инстаграм