На 9 години стана милионерка: Благослов стана нејзиното проклетство, додека нејзиниот непријател надобро внимаваше на неа

На 9 години стана милионерка: Благослов стана нејзиното проклетство, додека нејзиниот непријател надобро внимаваше на неа

Објавена во: Живот // Живот

Животната приказна на Лиза Мари Присли, ќерката на познатиот пејач Елвис Присли...

Лиза Мари Присли, ќерката на Елвис и Присила Присли, почина во својот дом, а се претпоставува дека смртта настапила како последица од срцев удар.

Лиза е родена во Мемфис, Тенеси, на 1 март 1968 година, 9 месеци по свадбата на Елвис и Присила. По разводот на нејзините родители во 1973 гидина, кога имала 4 години, со мајка ѝ се преселиле во Лос Анџелес.

Елвис почина во август 1977 година, кога Лиза Мари имала 9 години, со што станала наследничка на неговиот имот со дедо ѝ Вернон Присли и прабаба ѝ Мини. По нивната смрт во 1979 и 1980 година, таа станала единствен наследник, а исто така ја наследила и резиденцијата на татко ѝ во Грејсленд.

„Секогаш ме будеше за да пеам во текот на вечерта, седев на маса и пеев. Тој беше многу возбудлив татко“ - вака се присетуваше Лиза Мари на времето поминато со Елвис.

фото: Профимедиа

Во октомври 1988 година Лиза Мари се ожени за Дени Киу, музичар од Чикаго, со кој доби две деца: ќерката Рајли во 1989 година и синот Бенџамин во 1992 година. По пет и пол години брак, двојката се разведе во мај 1994 година.

Неполн месец подоцна се омажи за пејачот Мајкл Џексон, кој првпат го запознала на еден од концертите на својот покоен татко во Лас Вегас, кога имала 7 години, а кралот на поп музиката отсекогаш бил член на семејниот бенд.

„Многу сум вљубена во Мајкл, го посветив својот живот на тоа да бидам негова жена. Го разбирам и поддржувам“ - кажа тогаш.

фото: Профимедиа

Две години подоцна Лиза и Мајкл се разделија.

Во 2000 година Лиза се вери за музичарот Џон Осајец, а со него раскина кога го запозна актерот Николас Кејџ со кој продолжи да се забавува.

Две години подоцна, Лиза Мари и Кејџ се венчаа на тајна церемонија на Хаваите на 25 години од смртта на Елвис. Меѓутоа, за помалку од 4 месеци од свадбата, двојката објави дека се разведува.

фото: Профимедиа

Четвртиот брак го склопи во 2006 година, со Мајкл Локвуд, со кој Лиза две години подоцна ги доби ќерките близначки - Харпер и Финли. Лиза Мари во јуни 2016 година поднесе барање за развод, а разводот се финализираше во 2021 година. Откако се разведоа, тие двајца беа вплеткани во постојана битка околу старателството над своите деца.

Интересен е фактот што токму поранешниот сопруг ја пронајде Лиза Мари во куќата, онесвестена, откако не се јавувала на телефон. Повикал Брза помош, која ја продолжила реанимацијата сѐ до болницата каде била констатирана смртта.

На крајот излегува дека за неа најдобро се грижел нејзиниот „непријател“ со кој водела битка околу старателството над децата.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: