На Бака Прасе му одземаа уште еден автомобил: Овој пат остана без Ламборгинито
Неволјите за јутјуберот не запираат, а регионалните медиуми овој нов прекршок го нарекуваат „арогантен“...
Два дена откако полицијата го уапси и му го одзеде автомобилот Порше, Бака Прасе сега остана без Ламборџинито, пренесува Курир.
Овој пат неговиот автомобил е одземен поради неправилно паркирање. Полицијата поднесе прекршочна пријава против јутјуберот, откако го пронајде неговото Ламборџини со германски регистарски ознаки паркирано на пешачки премин, на улицата „Јове Илича“ на Вождовац.
„Пајак“ му го одзеде автомобилот и против него беше покренато обвинение за затоа што во теткот на вечерата автомобилот, регистриран во странство, бил паркиран на пешачки премен. Неговото возило беше привремено одземено, исто како и Поршето, кое му беше одземано пред само два дена, поради царински прекршок, пишуваат регионалните медиуми.