На децата во Кина отсега им се забранува да гледаат ТикТок повеќе од 40 минути дневно
фото: Shutterstock.com/DANIEL CONSTANTE
На децата под 14 -годишна возраст ќе им биде забрането да користат ТикТок повеќе од 40 минути на ден.
Кина продолжува да се бори против социјалните мрежи и технологијата воопшто.
Неодамна, тие им забранија на децата да играат видео игри во работните денови, а сега почнуваат да го скратуваат времето поминато на социјалните мрежи.
Сега децата под 14 години ќе влегуваат на ТикТок преку апликацијата YouthMode и ќе можат да го користат 40 минути дневно.
Во Кина, TikTok се вика Duoyin и апликацијата е речиси идентична.
Douyin е ист како TikTok, само содржината е малку поинаква, бидејќи нема политика за апликацијата и други досадни работи за деца, како што велат во Кина.
Оваа апликација има 600 милиони корисници дневно.
извор:b92.net