![Младите започнуваат движење за интернет без омраза](/media/main/2025/02/20250211161544.jpg)
На „Денот на побезбеден интернет 2025“: А1 Македонија го шири знаењето за безбеден интернет низ целата земја
А1 Македонија го одбележува „Денот на побезбеден интернет 2025“ и со гордост објавува масовни предавања во училиштата низ целата земја како дел од програмата „Интернетот не е само игра. Кликај безбедно“, наменета за учениците од 4-то одделение.
Денеска, волонтерите на А1 држат час во дури 19 училишта низ земјава, опремувајќи ги учениците со знаење и вештини неопходни за побезбедно и одговорно однесување во дигиталниот свет.
„Ние во А1 веруваме дека образованието е клучот за зајакнување на најмалите да донесуваат информирани одлуки онлајн и затоа преку овие предавања имаме за цел да поттикнуваме генерации што се свесни за себе во интернет-просторот, за придобивките и за ризиците со кои можат да се сретнат во онлајн светот. Затоа и седум години во континуитет ги спроведуваме едукативните работилници што опфаќаат теми какви што се заштита на личните податоци, што е сајбер насилство, но и важноста од здраво онлајн однесување. Горди сме на нашите волонтери, кои денеска во исто време допреа до повеќе од 1 500 дечиња и ја пренесоа пораката дека интернетот не е само за игра, туку место каде што можат да добијат корисни информации доколку паметно го користат. Продолжуваме понатаму со нашата мисија да го шириме знаењето за безбеден интернет“, изјави Бранкица Толевска, менаџерка за корпоративна стратегија, бизнис - трансформација и ЕСГ.
https://www.a1.mk/klikaj-bezbedno во делот „Пријави училиште“.
Повеќе информации за едукативната програма „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“ се достапни на https://www.a1.mk/klikaj-bezbedno.
*Пр објава