На доделувањето на Оскарите беше објавен трејлерот за „Малата сирена“: Кои нови работи ги откривме? (ВИДЕО)

На доделувањето на Оскарите беше објавен трејлерот за „Малата сирена“: Кои нови работи ги откривме? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Омилениот цртан доби филмски римејк и наскоро пристигнува во кината, а ние едвај чекаме да го погледнеме...

На филмските платна во режија на Дизни пристигнува цртанот за „Мала сирена“ со Хали Бејли во главната улога.

Иако филмот треба да го гледаме во мај во кината, досега многу малку работи се знаеја за него. Сепак, вчера на Оскарите премиерно беше прикажан новиот трејлер од кој можевме да добиеме малку подобар увид во заплетот на филмот.

Трејлерот започнува со сцената во која Ариел го спасува принцот од бродоломот, што е прикажано многу подетално и поинтензивно во споредба со оригиналниот цртан филм од 1989 година. Но, нејзината екскурзија надвор од длабочините на морскиот свет и кршењето на правилата не можеше да помине неказнето.

„Оваа опсесија со луѓето мора да престане“ - ѝ вели кралот Тритон (Хавиер Бардем) на својата ќерка со заповеднички глас.

Во исечоците од филмот ја гледаме и Мелиса Мекарти во улогата на лукавата морска вештерка Урсула.

Таа ѝ нуди помош на Малата сирена, која сака да дознае повеќе за луѓето. Следува сцена од магичната демонстрација на злата морска вештерка и будењето на Малата сирена со човечки нозе.

Потоа го гледаме ракот Себастијан, гласот на Дејвид Дигс, но и галебот Скатл и рибата Флондер, и кончено дознаваме како изгледаат нашите омилени цртани ликови во филската верзија.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: