На двегодишната двојничка на Констракта од Скопје ѝ се исполни желбата: Малата Фрида се запозна со уметницата во Дојран (ФОТО)
Сигурно се сеќавате на малата Фрида од Скопје која воодушеви со нејзината маска за Априлијадата, кога мајка ѝ ја маскираше во евровизиската претставничка на Србија, Констракта.
Фрида дефинитивно изгледаше како помала верзија на Констракта, а нејзините фотки се споделуваа низ цел регион.
Викендов, на Фрида ѝ се исполни желбата да ја запознае двојничката Констракта, која настапи на „Д-фест“ во Дојран.
Малата Констракта и големата Констракта поминаа време заедно фотографирајќи се и разговарајќи:
Да се потсетиме како изгледаше Фрида маскирана во Констракта:
Имено, мајката на малата скопјанка се потрудила на својата наследничка да ѝ најде бел костим како оној на Констракта, секако со сличниот цветен аранжман, а шминката и фризурата дадоа дополнителен ефект во целата приказна.