На фризерката ѝ покажа каква фризура сака: Резултатот е трагикомичен
Лаура Кларк на ТикТок го сподели своето неудобно искуство со фризерка. Во видеото кое е прегледано повеќе од 2,8 милиони пати, девојката покажува каква фризура сака, а каква добила.
Кога пристигнала во фризерскиот салон, Лаура Кларк на фризерката ѝ покажала фотографија за тоа каква фризура сака. Сакала фирузра со патец на средина и шишки што ја врамуваат формата на лицето. Меѓутоа, она што го добила било потполно спротивно од она што го сакала.
Во видеото кое е прегледано повеќе од 3 милиони пати, Лаура открива со каква фризура го напуштила фризерскиот салон. Некои нејзини следбеници се уверени дека самата се шишала, бидејќи изгледа многу лошо, пишува „Mirror“.
@thelauraclarke How do I make this better? ##thisiswhatiwanted ##hairdisaster ##middlepart ##sidebangs ##tiktokmademedoit ##fyp
original sound - Madeline
„Сакав иста ваква фризура, но ова е знак дека не треба да го правам ова“ - искоментира една жена на видеото.
„Животот на фризерите ќе биде полесен кога луѓето ќе сфатат дека косата на овие фотографии е обликувана“ - додаде друга.