На гиро во Солун: Панчо ДНК откри во какви односи е со постариот син (ФОТО)

На гиро во Солун: Панчо ДНК откри во какви односи е со постариот син (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

По фотографиите може да заклучиме дека имале ден за паметење...

Владимир Блажев, попознат како Панчо ДНК или Диџеј Шорти Пи е една од познатите личности кои често со своите следбеници споделуваат фотографии и од својот приватен живот. Во неговиот случај, најчесто тоа се неговите синови, за кои низ објавите повеќе пати досега посочил дека е подготвен да направи сѐ.

Откако порано овој месец, го прославија 12-от роденден на неговиот постар син Андреја, таткото и синот ги спакуваа куферите и заминаа на заедничко патување. Нивна последна станица беше Солун, а од она што можевме да го видиме од фотографиите мора да признаеме дека имале ден за паметење.

„Станавме пријатели, не само татко и син“ - напиша Панчо покрај фотографиите, откривајќи дека каков е неговиот однос со синот.

Инаку, Панчо го има и синот Марјан, а еве што раскажа за синовите пред неколку години за Женски магазин:

„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели?“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: