На Инстаграм пристигна нова објава: Се однесува на објавите што ги споделувате
Ова некогаш би можело да ти биде од корист...
За сите оние неодлучни ситуации кога ќе објавите нешто, а потоа сепак ќе одлучите да ја избришете објавата, но не сте баш сигурни дали да ја избришете или не.
Повеќе нема да има такви ситуации. На Инстаграм пристигна новата опција која се однесува на бришењето и враќањето на избришаните објави. Новиот систем ќе биде дека кога ќе избришете една од вашите објави, истата ќе оди во папката „Recently Deleted“ каде што ќе стои краток временски период. Додека е во таа папка, ќе можете повторно да ја „оживеете“ или трајно да ја избришете. Нo, zа да можете да направите нешто од ова, Инстаграм ќе побара од вас да го потврдите вашиот идентитет, дали навистина сте вие, со цел никој друг да не може да го стори тоа, дури и ако ти е хакиран профилот.
Всушност, тоа ќе биде нешто слично на опцијата „Recycle Bin“ што ја имате на компјутерот, само што оваа опција ќе има катанец за кој само вие го имате клучот. Ова ќе се однесува на објавите, приказните, Reels видеата, видеа од IGTV, буквално сите можни објави на Инстаграм. Ако ги избришете и не одлучите да ги вратите во живот, по 30 дена, тие ќе исчезнат и трајно ќе бидат избришани. Единствен исклучок се приказните. Ако избришете стори кое сте го објавиле пред помалку од 24 часа, тоа трајно ќе се избрише од „Корпата за отпадоци“ во рок од еден ден.
До папката каде што ќе ги најдете сите овие објави и ќе може да одлучите дали ќе ги објавите или трајно ќе ги избришете, може да стигнете преку Settings -> Account -> Recently Deleted. Како и со секој нов додаток на Инстаграм, немојте да бидете изненадени ако ова не ви биде веднаш достапно, бидејќи може да се случи некои да го добијат порано, а други подоцна.
фото: shutterstock