На Интернет кружи видео на кое Перси непримерно ја допира Џена: Може да се види колку ѝ е непријатно

На Интернет кружи видео на кое Перси непримерно ја допира Џена: Може да се види колку ѝ е непријатно

Објавена во: Stars // Филм

Перси ги става рацете на градите на Џена, додека таа нервозно се оттргнува...

На социјалните мрежи со денови се шират обвинувања против актерот Перси Вајт, кој се прослави со улогата на Ксавиер Торп во серијата „Wednesday“ на Нетфликс.

Но, покрај обвинувањата за сексуално насилство врз малолетнички и расистичките напади во неговото минато, сега на Интернет кружи видео од доделувањето на наградите Златен глобус. Обожавателите на актерката забележаа дека Перси непримерно ја допирал Џена.

Имено, младите ѕвезди заедно позираа пред фотографите и одговараа на прашањата на новинарите. Додека Џена видно расположена, се смее, Перси ја прегрнува и својата рака ја става на нејзините гради. Тој ова го повтори дури двапати. Џена првиот пат го игнорираше, но затоа вториот пат се видно се изнервира и нервозно се оттргна од него, со што му даде до знаење дека тоа ѝ пречи.


Девојките кои се огласија на социјалните мрежи и кои во јавноста изгледоа со приказни за сексулано насилство, бараат Нетфликс да го отстрани Перси од актерската екипа, бидејќи стравуваат дека нема да престане да ги малтретира девојките, особено сега кога има светска популарност.

Пред обвинувањата против Перси, некои обожаватели беа убедени дека Џена и Перси се во тајна врска. Џена никогаш не проговори ниту потврди ништо за тоа, но едно е очигледно, многу се посрамоти од однесувањето на нејзиниот колега за време на доделувањето на наградите Златен глобус.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: