На Интернет се „крена прашина“ за сличноста помеѓу италијанскиот рокер и принцезата Дајана: Овие фотки станаа вирални преку ноќ
На Твитер се појавија многу примери на кои Дамијано и Дајана изгледаат слично...
Иако за бендот Манескин се мислеше дека ќе биде „секое чудо за три дена се доста“, талентираните музичари ја демантираа јавноста дека за нив е кажано сè, а особено за нивниот фронтмен, Дамијано Давид.
Пејачот со својот изглед успеа да заведе голем број корисници на социјалните мрежи и да ги подели луѓето во две групи - оние кои воопшто не го сакаат и оние што го обожуваат. Ексцентричниот глам рок стил кој го донесе на евровизиската сцена, му донесе и соработки со светски модни брендови кои се „тепаат“ за го придобијат.
Во меѓувреме, многу работи се дознаа за него - која е неговата девојка, кој е неговиот брат и дали има некој, потоа како изгледал во младоста, но и за што пишувал како дете. Крена прашина и по појавувањето во здолништа, лакираните нокти и секако со задолжителниот црн-ајлајлер, но овој пат, се чини дека фановите отидоа чекор подалеку.
Имено, на Твитер некој забележал физичка сличност помеѓу Дамијано и покојната принцеза Дијана, па направил колаж за споредба. Сепак, токму овој пост стана вирален преку ноќ, а по него се појавија уште многу други.
DAMIANO UGUALE A LADY DIANA?#Damiano #maneskin #ladydiana pic.twitter.com/SP8Q2uWNAP
— Dankan (@dankangerardi) May 29, 2021
Could I do this all night long? Yes pic.twitter.com/YXKx2rg1Ly
— Phoenix CS Andrews (@pennyb) May 27, 2021
Youth pic.twitter.com/mpkbXvfSCl
— Phoenix CS Andrews (@pennyb) May 27, 2021
фото: Profimedia