На концерт со Томашевиќ, на плажа со Карлеуша: Познатиот мејк-ап артист од Македонија ги освои балканските ѕвезди со својот талент (ФОТО)
На познатиот струмичанец му успеа она што ретко на кој му успева...
Македонскиот шминкер и стилист за коса Марјан Петров од Струмица ја имаше честа да ја среди српската пејачка Јелена Томашевиќ за нејзиниот настап во Абу Даби на концертот на најпознатиот светски тенор Андреа Бочели.
Томашевиќ настапи пред полна „Етихад“ арена, пред повеќе од 20.000 луѓе, а за концертот се подготвуваше повеќе време каде се појави во посебен фустан кој одговараше на пригодата.
Во светкав фустан со сирена крој, кој ја следеше линијата на телото, Јелена блескаше и не ја симнуваше насмевката од лицето цела вечер, а нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ ѝ беше најголем поддржувач. Додека за нејзината шминка и фризура пак, се погрижи нашиот Марјан Петров кој за Женски магазин изјави дека можноста да ја подготви Томашевиќ за овој голем настан се случила неочекувано, а таму тој се запознал и со Андреа Бочели и неговата сопруга.
„Сѐ се случи неочекувано, пред една недела во Струмица кога Јелена Томашевиќ имаше концерт и организаторите на концертот ме препорачале мене да ја средам за истиот. Тогаш се запознавме и низ муабет стана збор за мојот одмор во Дубаи и за нејзиниот настап со Андра Бочели во Абу Даби.
Јелена и Иван Босиљчиќ се многу внимателни и добри луѓе, кои ми организираа сѐ за да бидам дел од тој спектакл.
Го запознав и Андреа Бочели и неговата сопруга кои се исто така многу добри луѓе. Концертот беше на многу високо ниво, а Јелена со оркестарот РТС беа гости на тој концерт“ - изјави Петров директно од Абу Даби за Женски магазин.
Само неколку часа, откако овој успех на Марјан заврши во сите медиуми, тој на Инстаграм приреди уште еден шок. Имено, тој сподели селфие со познатата српска пејачката Јелена Карлеуша, додека денот го поминале на иста плажа.
Инаку шминкерот и стилист за коса Марјан Петров од Струмица има соработувано со многу домашни и балкански естрадни уметници.
фото: Принтскрин / Инстаграм