На луксузно патување: Кајли Џенер третиот роденден на Сторми ќе го прослави во кругот на семејството
Луксузни локации за сите можни прослави и покажување огромно богатство на сите можни патувања? Талент во кој кланот Кардашијан -Џенер доминира повеќе од сите луѓе! Девојките од ова семејство не штедат пари за годишнини, родендени и другите важни датуми, па освен што прават големи забави, тие патуваат многу, така што коронавирусот не го спречува овој клан да ужива во животот.
Да потсетиме, Кајли Новата година ја дочека во друштво на нејзината мајка Крис и сестрата Кендал, а следната голема прослава закажана во нејзиниот календар беше третиот роденден на нејзината ќерка Сторми Вебстер! Имено, Сторми наполни три години, а Кајли веќе се погрижи прославата да не остане незабележана.
Имено, според извори, Кајли и Сторми се наоѓаат на островите Туркс и Каикос, иако постојат одредени ограничувања за тоа место поради коронавирусот. Покрај малата Сторми, тука се Пенелопе Дисик, Норт Вест и Чикаго Вест, и секако Ким, Клои и Кортни! Ким потврди дека се наоѓа на луксузна локација, пишувајќи дека ова е повеќе „женско патување“.
Ким е фотографирана од папараците како ужива во пливање во друштво на своето семејство, па дури изгледа како да не и е грижа за разводот. Таа ја држеше ќерката Норт за рака и среќно играше во вода!
И Кајли позираше во атрактивен фустан, а покрај фотографијата напиша дека „блеска“, а потоа и Кортни објави фотографија!