На матура се појавила со најслатката придружба на сите времиња: Како стана вирална оваа матурантка? (ВИДЕО)
Гордата мајка ја снимила својата ќерка на денот на матурата...
Го воодушеви својот клас, но и сите корисници на социјалните мрежи. Никој не знаел кој ќе ѝ биде придружба на матурската забава, а кога се појавила, ја дочекало пријатно изненадување.
Некогаш во животот ти се случуваат работи кои ги немаш планирано, а тоа многу добро го знае и оваа матурантка. Таа на 14 години, додека уште била средношколка, останала бремена. Иако сите очекувале дека поради тоа ќе ја напаѓаат на училиште, таа на сите им покажала дека „тин“ мајките можат сѐ. Многу млада го родила своето дете, го завршила училиштето, ги положила сите испити со добри оценки и се појавила на матурската забава со придружба која ги растопила срцата на нејзините пријатели од класот. Имено, на матурата ја придружувал нејзиниот едногодишен син.
Сето ова го снимила нејзината горда мајка. Кога излегла од автомобилот со кој пристигнала на матурската забава, сите биле воодушевени.
Признала дека не очекувала толкава поддршка и љубов. За „The Sun“ раскажала дека се сеќава дека многу пријатели во текот на вечерта ѝ признале дека се растопиле кога таа и малиот Лоренцо излегле од лимузината.
@ashleighhazelton6 I have no words for the vidoe #prom Pony x Only Girl In The World by Altegomusic - ALTÉGO
Ова дефинитивно е пријатно изненадување за сите. Таа изгледала прекрасно во својот свечен фустан, а Лоренцо бил слика и прилика на вистински господин во малиот костум. Иако е „тин“ мајка, нејзиниот клас не ја осудувал и сите подготвено ја прифатиле оваа несекојдневна ситуација.
фото: Принтскрин / ТикТок